Саша Николиќ – генерален секретар на ДПСM

Советникот Саша Николиќ  е новиот генерален секретар на Демократска партија на србите во Македонија. Ова големо признание за неговиот досегашен ангажман и придонес за развојот и подобрувањето на партијата,  партиското раководство му го оддаде на 24-от роденден на ДПСМ, прославен во Скопје.

– Овој последен случај е како круна на мојот досегашен ангажман  во партијата бидејќи воден од мојата филозофија како треба да да се работи во партијата, оној момент кога станав член на ДПСМ како Србин мислам  дека ДПСМ  е прв, единствен и најдобар избор за политичко ангажирање на србите  во РМ, а во никој случај не би требало да виде резервна или втора варијанта за србите во македонија, а особено во куманово, рече Саша Николиќ, генерален секретар на ДПСМ

Николиќ со полнолетството во 1995 –та година станува и член на општинската организација на ДПСМ. Досега имал голем број функции во партијата.

– Бев претседател на младинската организација од подружницата од која што доаѓам, подружница Горно Којнаре, бев претседател на подружница Горно Којнаре, 2011-та сум избран за потпретседател на општинската организација,  на последните локални избори 2013-та  станав советник на ДПСМ  и коалицијата „ За подобра Македонија “ во Совет на општина Куманово , рече Николиќ.

Како петгодишен потпретседател  на општинската организација на ДПСМ во Куманово , Николиќ  посочува дека е најдобро организирана , која во својот состав брои 22 месни подружници. Покрај општинската организација и општинскиот одбор од 40 членови, активно работи и Активот  на жени, како и младинската организација.

Инаку, последен пат функцијата генерал секретар на ДПСМ ја извршуваше Горан Стојковиќ .

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)