Сашко Коцев со награда за најдобар актер на филмскиот фестивал во Бејрут

„Beirut Shorts International Film Festival“ е фестивал за кратки филмови во Бејрут, а наградата за најдобар актер ја доби нашиот актер Сашко Коцев.

Сашко Коцев е кумановец кој оствари уште една успешна ролја во филмот „Налепница“ на режисерот Георги Унковски и заслужено ја доби наградата, само една од низата. Сашко го има добиено признанието за најдобар актер на Фестивалот за кратки филмови во Берлин, Германија, две награди во Италија, како и награда за најдобар актер на фестивал во Турција. Коцев го игра главниот лик во „Налепница“, кој по неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола, тргнува на пат и запаѓа во серија бирократски проблеми.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)