„Свети Ѓорѓи “ и „Крепост “ повторно во хуманитарна мисија

За неполн месец уште една хуманитарна акција во Старо Нагоричане. На повеќе од триесет семејства од козјачкиот регион црквата Свети Ѓорѓи во соработка со хуманитарната организација крепост вчера на Цветници , а во пресрет на велигденските празници им донираше пакети со прехранбени продукти и средства за лична хигиена. Помошта е наменета за семејствата кои што имаат членови со посебни потреби.

– Овие зачестени акции во поглед на хуманитарноста и разбудување на свеста за чинење на добри дела многу им значи на овие семејства, се работи за семејства кои што немаат други основи кои што можат да им помагаат а далеку се градските средини, далеку се од било која друга форма на организација па така одлучивме на овие семејства да им посветуваме почесто внимание , речиси секој месец, се работи за семејства кои имаат делумно и деца со посебни потреби кои што навистина ја заслужуваа нашата грижа така што во соработка со добри луѓе , верници доброволни чинители , поголеми фирми организираме вакви акции . Се работи за пакети со храна и прехранбени производи и средства за лична хигиена, така што уште еднаш јавен апел да не ги забораваме луѓето и во градовите и во селата да им помагаме, изјави Христијан Георгиевски, ХО„Крепост“

Ова е трета хуманитарна акција на црквата Свети Ѓорѓи.  Надлежните од месната заедница Старо Нагоричане ги поздравуваат  ваквите акции, но со  апел што поголем број граѓани , организации, институции да им помогнат на семејствата од руралните средини .

Освен од бизнис заедницата, хуманитарните акции континуирано добиваат поддршка и од јавните личности, естрадни уметници, спортисти.

Надлежните од црквата Свети Ѓорѓи и од Крепост планираат хуманитарните акции особено во пресрет на поголемите христијански празници да станат традиционални.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)