Светосавска академија во Театар Куманово

По повод националниот  празник на Србите во Македонија, Свети Сава Регионалниот одбор на Српската заедница од Куманово и Демократската партија на Србите во Македонија, организираат 13-та по ред Свечена Светосавска академија.

На манифестацијата ќе присуствуваат високи гости од Србија и Македонија, а традиционално ќе биде прочитана и Светосавската беседа.

-Во Куманово се отвора Светосавската недела, ние сме среќни што почнува од Куманово , а ќе заврши во Тетово, Битола, преку Скопје , секаде каде што живеат и работат Срби. Програмата веќе е подготвена, оваа година имаме добри гости, квалитетна програма како и секоја година. Академијата ќе биде збогатена со познатите звуци на легандарниот српски инструменталист Бора Дугиќ придружуван со оркестарот на Бобан Продановиќ, членови на српскиот Народен театар, Иван Вучковиќ и Владимир Јоцовиќ. Исто така дел од академијата традиционално ќе биде и КУД „Српски вез “ со својата фолклорна и рецитаторска секција, младинската секција, детскиот ансамбл и секако, првиот ансамбл, изјави Далибор Китановиќ, претседател на КУД „ Српски вез“

Китановиќ ги повика граѓаните заедно да го прослават  празникот Свети Сава.

Свечената Светосавска академија ќе се одржи на 26 јануари (недела) во Театар Куманово со почеток во 19 часот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)