Светот ја дочека Новата 2016 година

Во семејна атмосфера во домовите, со спектакуларни огномети на плоштадите во своите градови, туристички центри, кафеани, ресторани, клубови, стотици милиони луѓе синоќа ја испратија 2015 и ја дочекаа новата 2016 година.

Тие си посакаа љубов, среќа, здравје и успех, но не сите синоќа го прославија почетокот на новата година. Иако за повеќето народи старата година си оди на 1 јануари што е последица од прифаќањето на грегоријанскиот календар, постојат и оние кај кои тоа не е случај.

Според персискиот календар, Новата година се поклопува со пролетната рамнодневница, а според хиндуистичкиот календар таа почнува тој ден, кој следи зад првиот нов месец во текот или по пролетната рамнодневница.

Кинеската Нова година почнува во самракот на новиот месец во знакот на Водолија, кој е кон крајот на јануари или почетокот на февруари, а еврејската Нова година (Рош Хашана) може да бидер било кој ден од 6 септември до 5 октомври според грегоријанскиот календар. Инаку во 2016, Евреите ја слават 5777, Кинезите 4714, Индусите 2073, а Муслиманите 1438 Нова година.

За потсетување годинава во Куманово немаше организиран пречек на Нова година на Градскиот плоштад, туку се одржа повеќечасовен музички маратон на 30-ти декември.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)