Свето Петрушевски нов претседател на НСДП

Свето Петрушевски, агроном инженер е избран за нов претседател на општинската организација на Нова социјалдемократска партија во Куманово. На неодамнешната изборна конференција тој доби 37 гласа „за“, односно еден глас повеќе од неговата сопартијка, Јасмина Спасовска.

-Мора со многу труд, работа и мудрост да продолжам да го достигнам тоа ниво, НСДП да остане трета политичка партија и на локално и на државно ниво. Мојата цел ќе биде да ја задржам партијата тука. Обврските се поголеми затоа што сите знаеме дека моментално Македонија по 20 и неколку години самостојност се наоѓаме во голема криза-истакна тој.

Петрушевски доаѓа на местото на Сунчица Јосифова, која беше на функцијата од октомври 2009 година. Тој наведе дека партијата ќе посвети посебно внимание на актуелната политичка криза, односно  проектот „Вистината за Македонија“.

-Мојата главна и одговорна цел ќе биде од утре, нема делби во партијата мора да се сплотиме сите до еден, Вистината за македонија мора да се допре до секој граѓанин на оваа држава па и на Куманово независно од верска или етничка припадност, независно дали е Ром, Албанец, Вла, Србин  сите да ја дознаат вистината затоа што сите гледаме дека не оди работата институциите не рабтоат-додаде тој.

На изборната конференција беа избрани и членови на извршен и надзорен одбор.  Инаку општинската организација на НСДП од Куманово брои околу 2.500 членови. Новиот претседател нагласи дека ќе се обиде да постигне што поголем успех на државно и на општинско ниво.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)