Свечена седница по повод 11-ти Ноември

75 -годишнината од ослободувањето на Куманово и јубилејот – пет века од постоењето на градот денеска беа одбележани со свечена седница на Општина Куманово во центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Првите изворни податоци за Куманово претставуваат турските пописни дефтери од 1519 година, во кои населбата се споменува како село во состав на Нагоричката нахија со 52 семејства и околу 300 жители. Како градска населба (касаба) се споменува во втората половина на XVII век.Се претпоставува дека населбата во овој период има слабо развиено стопанство. Градот стопански развој доживува дури при крајот на XIX век (земјоделство, занаетчиство и трговија), но во стопанскиот развој нема значаен подем на индустријата сè до крајот на Втората светска војна,  меѓу другото беше речено на свеченоста во чест на празникот на Куманово.

Претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска обраќајќи се пред присутните рече дека обврска на нашата генерација е да продолжи цврсто да чекори по тој пат, да ја градиме својата иднина на европски перспективи, но со сопствени вредности. Само така Куманово ќе го задржи епитетот, Куманово-  град на мирот и ќе остане пример за мултиетнички соживот.

„И оваа година наше Куманово го чествува 11-ти Ноември , денот кога во 1944-та година беше ослободено од канџите на фашистичкиот окупатор. Одговорни сме за својот град, посветени на одржувањето и негувањето на сите светли придобивки од минатото на градот , вложувајќи сили и време  во надградувањето и развојот на сите позитивни и значајни капацитети“, рече на свечената седница градоналникот Максим Димитриевски.  

Реализираните проекти на локалната самоуправа во изминатите две ипол години, но и позначајните средби на градоначалникот со претставниците на повеќе држави, амбасади,  ЕУ, значајните политички фактори во државава и странство присутните можеа да ги проследат преку видео презентација.

Градоначалникот Димитриевски, претседателката на Советот Мургашанска и претседателот на Комисијата за одбележување на празници и манифестации Сашо Милковкси денеска ги доделија Ноемвриските награди за оваа година  на лекарите Радомир Гелевски и Хасан Хасани, историчарот Димитар Масевски, општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ и женскиот ракометен клуб „Куманово“ .

Десетина признанија и уште толку специјални благодарници беа посветени и на луѓе кои што на било каков начин преку својот работен ангажман дале придонес за развојот и афирмацијата на Куманово.

Свеченоста беше збогатена со музички настап на Мерима Његомир, Виолета Томовска и членовите на денс студио „Мак“.

На свеченоста по повод 75 години од ослободувањето и 500  години од постоењето на Куманово присуствуваа членови на Сојузот на борци, министри, амбасадори, поранешни и актуелни градоначалници, советници, претставници на АРМ, МВР, делегации од збратимените градови, јавни институции, претпријатија, бизнис заедницата, невладин сектор.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)