Свечено отворање на Младински центар и реконструираното спортско игралиште кај Соколана

Општина Куманово соопштува дека утре (петок) свечено ќе бидат отворени Младинскиот центар и реконструираното спортско игралиште во комплексот Соколана.

Младинскиот центар е прв во државата согласно Законот за младинско учество и младински политики и стандардите за младински центри, како соодветен простор, каде ќе се спроведува системска поддршка на личниот развој на младите луѓе и нивното активно вклучување во животот во заедницата преку неформално искуствено учење низ учество во забавни и волонтерски активности организирани за и од страна на младите, менторство, информирање.

Пуштањето во употреба на игралиштето во Соколана, како прва фаза од трите предвидени во проектот за реконструкција на овој грандиозен објект, каде се одржуваа единствените и неповторливи спортски турнири, како центар на внимание на спортската јавност во поранешна Југославија и културно-забавниот живот преку незаборавните матинеа и игранки, е особено значајно за спортскиот живот во нашиот град.

На настаните свои обраќања ќе имаат: градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, премиерот на РСМ, Зоран Заев и директорот на АМС, Наумче Мојсоски.

Ќе бидат доделени признанија на најистакнатите спортисти од Куманово, кои што добар дел од животот го поминале во Соколана и дале свој придонес за развој на спортскиот живот.

 

-18.00 часот Младински центар(„Вук Караџиќ” бр. 21а, Месна заедница „Тоде Мендол“ Куманово)

-19.30 часот Спортски комплекс Соколана.

 

 

Коментари

коментар(и)