СВР Куманово: Да се почитуваат законите за 1-ви мај

Во пресрет на 1-ви мај од отсекот за превенција при СВР Куманово апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не возат под дејство на алкохол и да го почитуваат јавниот ред и мир. Родителите треба да внимаваат на малолениците да не ги користат нивните возила, но и соодветно да го обезбедат домот пред да заминат на излет.

-Апелираме и покрај тоа што ќе имаме масовни собирања на излетнички места,  поголема раздвиженост по кафеани, ресторани, да се внимава на зачувавање на јавниот ред и мир односно без насилства, физички напади и се она што го сочинува јавниот ред и мир-изјави Виолета Богдановска, од отсекот за превенција при СВР Куманово.

Богдановска повика граѓаните достоинствено да го прослават празникот и  да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, не само поради себе туку и заради другите учесници во сообраќајот. Полициските служби за време на празникот постојано ќе бидат на терен. Тие ќе настојуваат доколку има потреба превентивно да им укажат на граѓаните, но доколку истите продолжат со прекршоци нема да ги толерираат и ќе бидат санкционирани.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)