СВР Куманово со препораки за заштита на домовите

СВР Куманово апелира до граѓаните да преземат поголеми мерки за безбедност и заштита на нивните домови и имотот за време на годишните одмори.Кумановската полиција ја започна акцијата„Повлечи потег,заштити го својот имот од кражби“.Зачестените обивања во домовите и кражбите во летниот период кога граѓаните се на одмор се наведува во соопштението на СВР Куманово испратено до медиумите е причина за спроведување на ваков проект во јули и август,чија цел е  преку разновидни активности во соработка со граѓаните и полицијата да придонесат  за заштита на имотот на граѓаните.

Меѓу препораките кои ги наведува полицијата,а кои треба да ги преземат граѓаните  пред заминување на одмор е да ги затворат прозорците и вратите,да не дозволуваат влез на непознати лица во домовите,да пријават,доколку забележат нешто сомнително на 192,да се развиваат добрососедски односи,стои во соопштението на СВР Куманово.Граѓаните треба да ги чуваат вредните предмети на сигурно место,да не се остава впечаток дека се отсутни од дома,домовите треба добро да се осветлени и по можност да се инсталираат алармни уреди и безбедносни камери.

„Со цел, да се спречат провалните кражби во домовите и поради поголема заштита се препорачува да не се објавува отсуството од дома на социјалните мрежи“-се наведува во соопштението.

Ова превентивна кампања се реализира последниве години и освен за летните одмори се спроведува  и за поголемите празници.Целта е да се подигне свеста кај самите граѓани за обезбедување услови за поголема безбедност, а се реализира преку давање совети,делење флаери,преку советодавните групи и оддржување на локалните совети за превенција.Од СВР Куманово велат дека целта на оваа кампања е да се подигне свеста и интересот кај граѓаните за самозаштита и заштита на заедницата,да се подобри личната безбедност,како и градењето партнерство помеѓу граѓаните и полицијата при решавање на проблемите.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)