СДММ: Владата вложува во спортските објекти

„Владата обезбеди околу 7,5 милиони денари за реконструкција на Соколана со целосно зачувување на нејзиниот автентичен изглед, а со враќањето на овој објект во владение на општината се отвора можност и локалната самоуправа во соработка со Владата да одвои средства за враќање на ликот на Соколана“, рече на денешната прес-конференција, Драгана Коцевска од Социјалдемократска младина на Македонија.

-Се наоѓаме пред еден од најубавите и најрепрезентативните објекти во Куманово, кој што воедно претставува и симбол на нашиот град и кој што сведочи за спортскиот дух на нашиот град, објектот Соколана, а кој што поради не грижата на претходната власт беше оставен на забот на времето. Владата предводена од СДСМ го врати овој објект во владение на Општина Куманово заедно со уште три големи спортски објекти и тоа спортската сала, градскиот стадион и стрелиштето со што се отвора можност и локалната самоуправа во соработка со Владата да одвои средства за враќање на ликот и целосно обновување на овие култни места значајни за нашиот град, како и целосно ставање на овие објекти во функција на граѓаните. Дополнително, Владата на Р.С.М. со јавен повик преку Агенцијата за млади и спорт кој е во завршна фаза и за кој се обезбедени средства во Буџетот на Р.С.М. обезбеди околу 7,5 милиони денари за реконструкција на Соколана со целосно зачувување на нејзиниот автентичен изглед, при што се предвидува: партерно уредување на игралиштето, целосна реконструкција на постоечкото игралиште, теренот за мал фудбал со комплетна реконструкција на трибините како и уредувањето на паркинг просторот.

„Со ова, им ги враќаме спортските објекти на кумановки и кумановци и вложуваме во здравјето и спортскиот дух на нашите граѓани“, посочува Коцевска.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)