СДММ испрати порака до власта

Со симболично поставување на банер на надвозникот на влезот на градот, членовите на Социјалдемократската младина на Македонија од Куманово испратија порака до централната власт поврзана за случувањата на 9-ти мај во населбата Тоде Мендол.

-Му испраќаме порака на премиериот во заминување , Никола Груевски секогаш кога ќе поминува покрај Куманово да се сети каква штета е нанесена на граѓаните. Вистината ќе излезе на виделина. По промената на власта, во април 2016 година граѓаните ќе ги добијат сите одговори. До денес се уште нема никаква разрешница на случајот што се сличи во нивното маало. Кој навистина стои зад инцидентот? Дали е спроведено црно сценарио? Дали ова беше политички обид за дестабилизација? Нема одговорност од никого, изјави Владислав Трајковски, претседател на СДММ, Куманово

Според СДММ,  Куманово нема да заборави дека во вооружената акција,  8 припадници на МВР го загубија животот, 40-мина беа повредени, а беше предизвикана и огромна материјална штета.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)