СДСМ: Акцијата врз превозниците е партиска

Општинската организација на СДСМ смета дека акцијата која што утрово е извршена врз дел од превозниците е партиска.  Според нив, СВР Куманово покажа сила и моќ и полицајците запиралe селективни автобуси, кои подоцна ги упатиле на технички преглед.

-Контрола на превозниците кои вршат јавен превоз и превоз на ученици, резултираше со исполнување на целта за која и се вршеше конотрлата. Казнети се со огромни казни за наводни технички неисправни автобуси.  И тоа за некоја сијаличка за немање на трепкач, нерамномерно кочење на рачна кочница и слично-изјави претседателот на ОО на СДСМ, Мартин Костовски.

Тој нагласи дека поради акцијата целосно бил нарушен градскиот превоз во општината.

-Последицата од таквото работење на надлежните, доведе до ненавремено пристигнување на вработените на своите работни места, а учениците не можеа да присуствуваат на редовна настава-додаде тој.

Според СДСМ колатерална штата на оваа акција се превозниците и граѓаните.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)