СДСМ вложува во здравствените работници

„Вложувањата кои Владата предводена од СДСМ ги направи во здравството овозможија успешно да се справуваме со најголемата здравствена криза, Наш приоритет, уште од самиот почеток е подобрување и унапредување на јавното здравство, подобри услови за пациентите и подобри услови за здравствените работници“, рече на денешната прес-конференцијата портпаролот на ОО на СДСМ во Куманово, Катерина Пешиќ Бошковска.

-Ги зајакнавме професионалните капацитети на здравствените работници и овозможивме услови за нивна работа дома- можност за нивната кариера и иднина да ја градат во нашето јавно здравство.

Вработените во здравството кои се во првите борбени редови во битката со Ковид-19, ќе добијат награда од 20% од основната плата, за 2 месеци. Наградени ќе бидат сите здравствени работници и персонал вклучени во работа со пациентите заболени од корона вирусот Никој нема да биде изоставен, сите се земени во предвид. Владата инвестираше многу во човечкиот капитал во здравството. За период од 2 години даде повеќе од 5.000 согласности за вработување во јавно- здравствените установи, ги зголеми платите на здравствените работници, даде повеќе од 1.000 согласности за специјализации и супспецијализации, рече Катерина Пешиќ Бошковска, портпарол на ОО на СДСМ Куманово

За околу година ипол 4 пати е зголемена платата во здравството, зголемени се коефициентите за исплата на дежурствата на здравствените работници, за 15% е зголемен капитациониот бод на матичните лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија. И за прв пат, оваа Влада ги плати приватните специјализанти за својот труд, во висина од просечната плата на општ лекар, потенцираше Пешиќ Бошковска.  

  – За 2 години воведовме пет нови лекови за ретки болести, а за пациентите со дијабетес три нови типа високо- квалитетен и сертифициран инсулин. Иновативна биолошка терапија за пациентите со малигни заболувања, осум нови дигитални мамографи, воведовме и задолжително двојно читање на мамографските снимки, бесплатни ортопедски градници и психолошка поддршка за пациентите со рак на дојка. Две нови вакцини за заштита од пневмокок и рота вирус, кои се чести во детската возраст. Инвестиравме во реконструкции и обнови на оддели, нова современа медицинска опрема, возила на Итна медицинска помош, рече Пешиќ Бошковска.

Пешиќ Бошковска,  честитајќи им го претстојниот празник на припадниците на муслиманската вероисповед со порака да се почитуваат мерките и препораките на надлежните.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)