СДСМ: Ги исполнуваме ветувањата!

Општинската организација на СДСМ од Куманово денеска одржа прес-конференција за укинување на квотите за лекови на рецепт. Според портпаролката на СДСМ Куманово, Катерина Пешиќ- Бошковска граѓаните сега можат да го подигнат потребниот лек од која било аптека, кој било ден во месецот, без страв од недостиг на лекови.

-Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт го решаваме деценискиот проблем со недостиг на лекови, турканиците кај матичните лекари и во аптеките на почетокот на секој месец. Со оваа мерка, истовремено се зголемува контролата при издавањето на лековите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување и се елиминира фаворизирање на аптеките и спречување на конкуренција. Со конкретни мерки и политики во здравството докажуваме што значи вистинска грижа за пациентите, за здравствените работници, за подобрување на условите во јавните здравствени установи, изјави Катерина Пешиќ -Бошковска.

Во рамките на мерките за подобрување на здравствениот систем, квотите за лекови, вели Пешиќ Бошковска се минато. Воведени се три нови инсулина и дополнителни десет инсулински пумпи за дијабетичарите, значително се зголемени средствата за нови лекови за лицата со ретки болести.

-Го вративме достоинството на здравствените работници со покачување на платите, а од ноември ќе се зголеми капитацијата на матичните лекари. Се спроведуваат активности со кои на младите здрвствени работиници им се овозможуваат подобри услови за работа дома, изјави Пешиќ -Бошковска.

СДСМ продолжува со мерките и политиките што ја враќааат довербата во јавното здравство и ја зголемуваат грижата за граѓаните, велат од Социјалдемократскиот сојуз.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)