СДСМ: Да решаваме проблеми, а не да менуваме имиња

Наместо да се занимаваме со имиња на плоштади и улици, да се соземеме и да работиме за добробит на нашиот град и граѓаните, за подобрување на севкупната економска клима и просперитет-истакна Сашо Тодоровски, портпарол на општинската организација на СДСМ Куманово.

-Во овој момент не е време да се занимаваме со работа какошто е менување име на плоштад и такви тривијални работи кои со ништо не допринесуваат за просперитетот на нашиот град и подобар живот на нашите граѓани. Проблемите во Куманово ги знаеме сите, еден од најголемите е невработеноста и иселувањето на младите од бесперспективноста која а чувствуваат во градот-нагласи тој.

Според СДСМ имињата обележуваа една епоха, момент од историјата, кој некому му се допаѓа, некому не. Додаваат дека мора да се зачуваат тие историски моменти и да се надогради иднината.

– ВМРО ДПМНЕ како партија мора да излезе од својата матрица на извртување на работите и на реалноста, и конечно да сфатат дека е дојдено времето на проблеми во Македонија и дека наскоро ќе има одговорност за нечовечноста која ја слушнавме изминатиот период правена од нивните водечки луѓе на таа партија-нагласи тој.

Од СДСМ нагласуваат дека треба да престанат луѓето да се делат на патриоти и непатриоти, на оние кои ја сакаат Македонија или не. Потенцираат дека државата е заедничка и е потребно да се врати сигурноста и довербата на граѓаните во општеството.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)