СДСМ попладне ќе објави уште неколку кандидати за градоначалници

Уште неколку кандидати за градоначалници од СДСМ ќе бидат објавени во текот на денешниот ден, стои во партиското соопштение, испратено до медиумите доцна синoќа по завршувањето на седницата на Извршниот одбор на СДСМ.

-Сите утврдени кандидати се дел од најдобрата понуда на СДСМ за локалните избори. Како што веќе најави, СДСМ во фази ја објавува победничка понуда со која излегува пред граѓаните како фаворит на локалните избори, се вели во соопштението.

Во меѓувреме, СДСМ со ново известување.

-Ве известуваме дека денеска, 25.8.2021 (среда) со почеток во 16.30 часот во седиштето на СДСМ прес-конференција ќе одржи Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ, на којашто ќе ги објави кандидатите за градоначалници утврдени на синоќешната седница на Извршниот одбор.

Дали меѓу неколкуте утврдени кандидати за градоначалници ќе се најде и името на кандидатот за иден градоначалник на општина Куманово од владеачката партија, ќе се знае во текот на денот.

За потсетување, за градоначалничката функција во Куманово кандидатури поднесоа актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово Мартин Костовски, секретарот на општинската организација Оливер Илиевски и претседателката на Советот на општината, Атина Мургашанска.

Коментари

коментар(и)