СДСМ е на страната на стечајците

„Како одговорна партија посветено ги реализираме ветувањата од програмата кои го подобруваат животот на граѓаните“, истакнаа на денешната прес конференција од општинската организација на СДСМ Куманово.

Оттаму нагласуваат дека и покрај попречувањето од опозицијата, Владата го усвои предлог законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, познат како Законот за стечајни работници, со што се проширува опфататот со нови 1000 стечајци на кои им се решава статусот со месечен паричен надомест до моментот на нивното пензионирање.

-Досега со овој закон обештетени се 11.000 стечајни работници на државно ниво, а околу 1.200 стечајци од Куманово, добиваат месечен надомест од околу 8.200 денари до нивно пензионерање. Со новите измени вкупниот број на опфатени стечајни работници ќе биде 12.000. Преку оваа мерка исправаме долгогодишна неправда која им е нанесена на нашите сограѓани, кои не по своја вина останале без работа и без месечни примања. Заложбите на СДМ за решавање на децениските проблеми и обезбедување фери и праведно општество, се реализираат-посочи Катерина Пешиќ Бошковска, портпарол на ОО СДСМ Куманово.

„Се грижиме за граѓаните, низ конкретни мерки, градиме фер и правено општество што дава шанса на сите, преку активни политики обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните и достоинствени услови за живот на сите, одиме на прав пат“, завршија од општинската организација на СДСМ Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)