(ВИДЕО) СДСМ: Започна реконструкцијата на кровната конструкција на спортската сала

-Владата предводена од СДСМ се грижи за институциите во нашиот град. Еден од клучните објекти во Kуманово ќе започне да се реконструира со што ќе добиеме модерен спортски објект кој ќе одговори на денешниве предизвици. Имено, деновиве започна реконструкцијата на кровната конструкција на спортската сала во Куманово, што е прва фаза од целосна реконструкција на овој значаен спортски објект во градот. Средствата за реконструкцијата се обезбедени преку проект на Североисточниот плански регион (СИПР) во висина од 320.000евра.

Работите треба да завршат до крајот на септември. Проектот предвидува најпрвин демонтажа на старата конструкција и поставување на нова. Вредноста на проектот изнесува 320.000 евра без ДДВ, во кој Општина Куманово има сопствено учество над 10.000 евра, а останатите средства од околу 310.000 евра се обезбедени од програмата на регионален развој за 2020 година, на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.

Проектот за реконструкцијата го изработи фирмата за проектирање „Геинг“, а реконструкцијата ќе ја врши компанијата „Изградба комерц“ од Скопје. Кровот на спортската сала се наоѓа во исклучително лоша состојба и со години протекува, поради што се направени и големи оштетувања во внатрешноста на објектот. Со замена на кровната конструкција ќе се создадат услови за доуредување и враќање на спортскиот живот во салата.

Спортската сала во Куманово има капацитетод 4.150 седишта, а изградена е во 1980 година.

Продолжуваме да се грижиме за капиталните објекти во град Куманово , рече на денешната прес-конференција, Владимир Арсовски- ОО СДСМ Куманово

Коментари

коментар(и)