СДСМ : Кампања „16 денови активизам “

Најмалку една од три жени или девојки во светот е жртва на насилство, говорат статистичките податоци по повод отпочнувањето на  глобалната кампања „16 денови активизам“, кампања која има за цел да ја подигне јавната свест за важноста од запирање на кршење на правата на жените.

Според координаторката на Форумот на жени на општинската организација на СДСМ во Куманово, Соња Тодоровска овие денови од кампањата треба сите заедно да размислиме дали и колку сме придонеле во борбата против насилството врз жените. Дали нашето општество води доволно грижа за заштита  на жените од насилство, дали на жртвите им даваме доволно поддршка да не молчат, да препознаат и да пријават секаков вид насилсво, дали насилникот е соодветно казнет, и дали тие можат да продолжат со животот без насилство.

Тодоровска смета дека за политиките на оваа Влада предводена од СДСМ, насочени кон превенција и заштита на жртвите од насилство говорат делата, односно

  • oтворени се шелтер центри за згрижување на жртви од семејно насилство;
  • ратификувана е Истанбулската конвенција;
  • изработен е Акциски план за спроведување на обврските од Истанбулската конвенција;
  • изготвен е Предлог-закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, како едно од најсилните оружја во борбата против насилство врз жените.

Предлог-Законот за спречување и заштита од  насилство врз жените и семејното насилство, дополнува Тодоровска  влезе во собраниска процедура со европско знаменце и очекуваме поддршка од сите пратеници.

Новото законско решение, ќе биде главна алатка во борбата против сите форми на насилство врз жената и семејството.

Предлог- Законот, исто така предвидува институциите да постапуваат со должно внимание и да ги заштитат жртвите, како и да придонесат за нивната реинтеграција во системот.

-Да размислуваме  портокалово и да кажеме НЕ за насилство врз жени и девојчиња.

-Да поставиме позитивни примери на однесување кон жената за следните генераци, да делуваме на начинот на кој младите размислуваат за родот, еднаквоста и почитувањето на човековите права.

-Да кажеме НЕ на стереотипите во училиштата, медиумите, на улица.

-Нема оправдување за било какво насилство врз жените и девојчињата. Нулта толеранција за сите видови насилство,  стои во соопштението испратено до медиумите.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)