СДСМ наспроти ВМРО ДПМНЕ за паркингот кај базенот

„Очигледно е дека претставниците на опозицијата ја искривуваат сликата за залагањата на градоначалникот и општината за уредувањето и одржувањето на паркинг-просторот  пред Градскиот базен во Куманово“, рече на денешната прес-конференцијата, портпаролката на општинската организација на СДСМ, Катерина Пешиќ – Бошковска, реагирајќи на изнесените информации од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.  Одлуката за наплата на паркинг-просторот ја носи Советот на општината по претходна јавна расправа, а во интерес е и по барање на граѓаните кои што живеат во непосредна близина, за посетителите, како и за самите спортски објекти да се уреди начинот на одржување на овој паркинг-простор, потенцира Пешиќ-  Бошковска.

-Што се однесува до наводите на опозицијата „дека се уништува спортски комплекс , како и дека општината и градоначалникот го уништуваат Куманово “ Ве молам  дали сте сериозни. Зборувате за спортски комплекс кој до скоро беше во Ваша надлежност, а за кој воопшто не Ви беше грижа како изгледа и одвнатре и однадвор. Зборувате за период во кој Вие бевте на централна власт, а Куманово за Вас не постоеше за инвестиции. Не можете само поради изборен маркетинг да ја манипулирате јавноста дека спортската сала сега е уништена, кога со години ја гледавме во иста состојба, рече Катерина Пешиќ – Бошковска, портпарол на ОО на СДСМ, Куманово

Од општинската организација на СДСМ најавија дека со враќањето на спортската сала и Соколана во сопственост на општината, локалната самоуправа заедно со Владата ќе почне со реконструкција на спортските објекти,а ќе продолжи со изградба на училишни спортски сали и санација на веќе постоечките, со средства на Владата и со сопствени средства.

-Во Програмата на градоначалникот предвидени се три катни гаражи, а не 5 како што вели опозицијата и тоа за период од 8 години, рече Пешиќ – Бошковска.

Како партија која две години е на власт, одговорно тврдиме дека правиме и вложуваме се што е во наша моќ за просперитетно Куманово, потенцира Пешиќ – Бошковска.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)