СДСМ најави безбедна предизборна кампања

Без митинзи и активности „од врата до врата“, согласно сите протоколи за заштита на здравјето на граѓаните од утре официјално започнува предизборната кампања, најави на денешната прес-конференција портпаролот на општинската организација на СДСМ, Катерина Пешиќ Бошковска. Изборната програма СДСМ ќе ја претстави на граѓаните преку онлајн и дигиталните алатки и начини на комуникација.

-За претстојната кампања која почнува од утре, СДСМ подготви здравствени протоколи кои ќе гарантираат безбедна кампања за здравјето на граѓаните. Сите присутни на јавен настан или состанок организиран од СДСМ мора да носат заштитна маска и да одржуваат растојание од 2 метри. Групирањето е забрането, а бројот на присутни на јавни настани и средби ќе биде со строга контрола, со најмногу 50 лица на јавна локација и 30 лица во затворен простор, со задолжителна физичка дистанца. Кампањата ќе биде без митинзи и без активности од „врата до врата“. На овој начин го штитиме здравјето на граѓaните, а нашата изборна понуда ќе им ја доближиме на граѓаните преку онлајн и дигиталните алатки и начини на комуникација, изјави Катерина Пешиќ Бошковска, портпарол на ОО СДСМ Куманово

За успешна реализација на изборите неопходно е строго почитување на мерките за заштита, потенцира Пешиќ Бошковска.

-Во изминатиот период, сведоци бевме на несовесното однесување на ВМРО ДПМНЕ, како и непочитување на мерките за заштита. Во ваков чувствителен период за сите нас, не смееме да си дозволиме такви пропусти, мора строго да се придржуваме до мерките за заштита, со цел успешно реализирани , фер и демкоратски избори-  за нашата иднина и иднината на нашата држава.

Затоа, на 15 ти јули граѓаните ќе имаат едноставен и слободен избор, да продолжиме заедно кон иднината, да градиме, остваруваме, поправме и реализираме, оставајќи ги погубните политики на ВМРО онаму каде што и припаѓаат- во минатото!

Општинската организација на СДСМ, ден пред стартот на кампањата, очекува победа на предвремените парламентарни избори.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)