СДСМ: На кумановци им се познати ваквите сценарија

Општинската организација на СДСМ преку соопштение реагираше на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Од таму истакнаа дека на народот му се познати сценаријата кои што ги прават, посебно на овој град.

– Оставете го Куманово на кумановци. Тие во изминатиот период покажаа како се чува и брани мултикултуризмот и соживотот во овој град.  СДСМ го осудува симнувањето на  државното знаме и ги повикува надлежните што поскоро да го решат случајот.  Ги повикуваме граѓаните да не потпаѓаат под провокации коишто имаат за цел поттикнување меѓуетнички тензии, од кого и да доаѓаат, за какви било интереси и да се. Сите вакви инциденти одат во прилог на насилните политики на Никола Груевски на неговата ВМРО-ДПМНЕ, кои на овој начин гледаат обид за спас од одговорност за направените криминали-стои во соопштението на СДСМ.

Од таму додаваат дека граѓаните знаат дека постои програма на новата влада на унитарна Македонија.Не постојат никакви поделби, разединувања и федерализација. Македонија ќе добие нова реформска Влада предводена од СДСМ. Со тоа ќе биде правна држава, а сите кои работеле спротивно на законот, ќе одговараат-завршува во соопштението.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)