СДСМ одржа протестен марш

Највисокото партиско раководство на СДСМ, членови и симпатизери на партијата синоќа го  одржаа првиот протестен марш низ улиците во централното градско подрачје како дел од проектот „Вистината за Македонија“.  Како што рекоа челните луѓе, од Куманово се најавува долгоочекуваната македонска пролет, а целта е со сплотеност и решителност да се врати слободата и демократијата во државата.

„Последните денови ги гледате како ги променија сите свои политики. Веднаш го свртеа она што беше инает нивни и кон студентите и кон наставниците и кон учениците и кон хонорарците. Како што тврдеа цел период дека се тврдокорни и не отстапуваат еве во последните два месеца се дадоа, се отстапија. Денеска и да им побарате вие Куманово да стане главен град на Македонија и тоа ќе ви го дадат“ – изјави Зоран Заев, лидер на СДСМ

Според генералниот секретар на СДСМ,  Оливер Спасовски на Македонија и е потребно ослободување од  како што ја нарекува „ненародната власт“.

„Денеска се случува воздигнување на слободарскиот дух кај граѓаните на РМ и тоа е посебно задоволство. Ова што денеска се случува во Куманово ќе продолжи да се случува и низ другиоте градови на РМ да покажеме дека не сакаме да трпиме, не сакаме да бидеме уценувани, сакаме слобода, сакаме демократија, сакаме луѓе чесни кои што ќе ја водат РМ“ – рече Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ

Спасовски додаде дека и во натамошниот период  претстојат факти и аргументи кои ќе бидат обелоденети на македонската јавност.

 

Коментари

коментар(и)