СДСМ од Куманово започнува со нови трибини

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од денеска од Куманово ќе започне со серијата трибини на кои со граѓаните ќе разговараат за нови идеи и промени, коишто и се потребни на државата. Претседателот на Комисијата за економија при СДСМ, Драган Тевдовски, истакна дека преку проектот Визијата за Македонија во 2015-та ги слушнале ставовите на граѓаните, а оваа година планираат тоа да биде уште попосветено.

-На Македонија и се потребни промени кои ќе обезбедат подобар живот за граѓаните. Промени кои ќе овозможат надминување на сиромаштијата, повисоки плати и намалување на јазот помеѓу богатите и сиромашните. Ние напорно работевме на тоа што треба да се направи да се обезбеди подобар живот, што треба да се направи да имаме обнова во Македонија, на разрушеното општество и како да се подигне животниот стандард на мнозинството граѓани, а не на една мала група на најбогати граѓани-нагласи тој.

Тевдовски истакна дека првиот чекор што треба да се направи е обезбедување на транспарентноста врз трошењето на парите на граѓаните. Според него мора да се изгради цврста основа за домашните пред се за малите и средни претпријатија, бидејќи странските инвестиции не се доволни.

-Нашите мерки ќе имаат за цел првин да вбризгаат ликвидност, пари во домашните мали и средни претптијатија, второ да обезбдат нови вработувања кои се пристојни имаат плати, кои ќе им обезбедат покривање на животните трошоци на граѓаните и трето кои нема да го рушат фондот за пензиско и инвалиско осигуравање, односно ќе го полнат-истакна тој.

Според програмата на СДСМ за секое мало и средно претпријатие, кое ќе вработи невработено лице, ќе биде обезбедена директна поддршка од 108.000 денари. Инаку програмата како што рекоа од партијата опфаќа и други столбови, меѓу кои е и враќање на вистинското образование и здравство и реафирмирање на евротлантските интеграции на Македонија.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)