СДСМ организира протестен марш

Претставници од централното раководство на СДСМ утре во 12:30 часот, во заградата на поранешен Комитет ќе остварат средба со стечајните работници, членови на наставничкиот пленум, новинари и земјоделци.

Нивната цел е преку средби на граѓаните да им ги објаснат материјалите односно телфонските разговори кои што ги објавуваат.

-Членовите ќе остварат средби со луѓето во градски, приградски и рурални средини каде ќе разговараат за актуелната економско-политичка состојба-истакна портпаролот на ОО на СДСМ од Куманово, Сашo Тодоровски.

Инаку тие утре во 18:30 часот ќе одржат марш, со цел да дадат отпор на моменталната власт.

Маршот ќе го предводат претставници од централното партиско раководство, заедно со претседателот на општинската организација на СДСМ од Куманово, градоначалникот и пратениците.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)