СДСМ повика на масовна излезност на изборите

-На 21 април Ве повикуваме масовно да излезете на гласање и да го поддржиме кандидатот за претседател на Република Северна Македонија г-дин Стево Пендаровски, стои во соопштението на општинската организација на СДСМ, Куманово.

Нашата држава која е исправена пред многу предизвици конечно го започна вистинскиот пат.Тоа е Европската Унија и Нато.Реформската влада предовдена од СДСМ ги започна тие процеси кои ќе и донесат преспектива на нашата земја.Затоа сега ни е потребен претседател кој ќе биде проевропски ориентиран , личност која ги препознава интегративните процеси во државата и личност која со своето знаење и искуство ќе допринесе Република Северна Македонија да зачекори кон иднина.Проблемите кои нашата земја ги имаше со соседите се минато, сега создаваме пријателства и очекуваме позитивни решенија кои ќе не поведат напред.Процесот кој е започнат во нашава држава поребно е да продолжи се со цел младите кои се тука да ги почувствуваат придобивките од донесените решенија, а повозрасните да имаат сигурна иднина.

Стево Пендаровски е човекот кој секако има визија за да ја направи нашата земја место во кое ќе се случат позитивни промени.Тој ќе биде претседател на сите и ќе работи на обединување, на просперитет и интеграција.

Република Северна Македонија е држава на сите и затоа е потребно да се обединиме без разлика на вера, нација, пол и да покажеме дека оваа држава е на секој од нас.

Затоа уште еднаш Ве повикуваме да излеземе сите на 21 април во недела и да заокружиме за бројот три, да покажеме уште во првиот круг дека све за иднина и да добиеме претседател со кој нашава земја ќе се гордее, се вели на крајот во соопштението.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)