СДСМ преку активности ќе ги пренесува „бомбите“

Членови на СДСМ од Куманово викендов започнаа активности со цел да ги запознаат граѓаните, за како што тврдат масовно и незаконско прислушкување. Имено тие планираат да посетат повеќе од 15.000 домаќинства на територија на Општина Куманово и на граѓаните да им достават флаери со дел од разговорите.

-Вистината за Македонија која претставува презентација и разобличување на грдото лице на режимот и целата тајфа која ужива во своето однесување, ќе биде уште поблиска до Кумановци-изјави претседателот на Општинската организација на СДСМ од Куманово, Мартин Костовски.

Според Општинската организација на СДСМ од Куманово врв на се, се изборните грабежи. Тие сметаат дека власта вршела пристисок врз администрацијата, крадела избирачки списоци, злоупотребувала социјално загрозени лица и слично.

-Слушнавме како се иживувале со Бошковски и Цаноски, дознавме за забеганоста на Ставревски кој секојдневно јавно не убедуваше дека Макеоднија е европски рај, а по телефон признава дека приходите се катастрофа, милионите за споменици „трагедија“, дека нема во државава за леб, а трошат за „чоколадо“-истакна Костовски.

Тие истакнаа дека Македонија последниве неколку недели можеше да ги слушне „бомбите“ и да биде згрозена од прислушкувањето кое што според нив е по директива на Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)