СДСМ се сретна со жителите на Пчиња

Кандидатите за пратеници на СДСМ и коалицијата, Фросина Ременски, Максим Димитриевски, Лидија Тасевска, Мартин Захариев и Мирослав Јовановиќ синоќа остварија средба и ја побараа поддршката за изборите на 11-ти декември, од жителите на Пчиња. Обраќајќи се пред присутните Ременски истакна дека ќе ги зајакнат сите мерки кои ќе го кренат животниот стандард на граѓаните, почнувајќи од растот на минималната и просечната плата,  за да можат да дојдат и до повисоки пензии.

-Воведуваме државна социјална пензија во висина од 40 проценти од просечната пензија во Македонија затоа што утврдивме дека многу наши граѓани кои не исполнуваат право за остварување пензија односно минимум 15 год стаж се оставени на немилост на државата.  Тие се вистински социјални случаи за да не останат нашите граѓани, баби дедовци на милост и немилост, ќе им обезбеди пристоен месечен приход зa остварување на своите потреби-посочи таа.

Димитриевски освен што промовираше дел од мерките кои се однесуваат за земјоделството и слично, се осврна и на работењето на власта, при што истакна дека истата целосно го поделила општеството, на патриоти и предавници, добри и лоши.

-Велат ако дошол Заев ќе прави федерализација. Па кој прави и дали воопшто ја побарал? Единствено што зборуваме е дека живееме во една држава во која покрај македонскиот народ живеат и други кои ги имаат сите права согласно Уставот, нит некој зборува за употреба на јазици, ниту за менување Устав, суштината е дека говорат за федерализација а тие всушност ја поделија Македонија на источна и западна-нагласи тој.

Тасевска посочи дека на 11-ти декември ќе се случат неминовни промени, кои ќе го донесат она што граѓаните го посакуваат.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)