СДСМ ќе организира прослава на Бадник

Традиционално по 22 пат општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз утревечер ќе организира прослава на Бадник. На градскиот плоштад со почеток во 21 часот ќе биде запален бадниковиот оган. Вообичаено оваа манифестација ја следат неколку илјади граѓани.

-На овој празничен ден, од свое лично име и од името на општинската организација на СДСМ ги повикувам сите граѓани на Куманово да ни се придружат и заедно во мир, спокојство и радост да го дочекаме Христовото раѓање, изјави Сашо Тодоровски, портпарол на ОО СДСМ,  Куманово

По палењето на оганот, ќе следува културно-уметничка програма, ќе се поделат лепчиња со паричка, оние најсреќните ќе го добијат златникот и десетте сребреници, а на студеното време кумановци ќе се затоплуваат со топли напитоци. На крајот традиционално се делат бадникови гранчиња и божиќни пакетчиња со овошје.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)