Седумдневна манифестација „Лесковачка роштилијада“

Од 28 август до 3 септември ќе се одржи 28-от гастрономскиот фестивал „ Лесковачка роштилијада“. На главната улица во Лесковац ќе бидат поставени 32 штанда со познатата лесковачка скара. Организаторите очекуваат годинава да биде надминат досегашниот рекорд по бројот на посетителите.

-Историјата на роштиљот e стара повеќе од два века, патеписците уште во 18 век ги спомнувале ќебапчињата лесковачки како извонреден гурмански специјалитет. Ние со  Роштилијадата го афирмираме роштиљот како извонреден гурмански специјалитет и да ја негуваме неговата традиција. Голем придонес за посетеноста на Роштилијада дадоа и нашите промоции . Досега ја промовиравме во Перник, во Софија, во Темишвар, во Гуча…, изјави Тина Стојановиќ, Туристичка организација на Лесковац

Лицитацијата за закуп на деловниот простор веќе е започната, а организаторите се сигурни дека до почетокот на манифестацијата целокупниот простор ќе биде закупен. Покрај дегустација на највкусните специјалитети на скара, фестивалот ќе биде пропратен и со богата културно забавна програма на главата сцена што ќе биде поставена на во центарот на градот.

-Во рамките на седумдневното траење на манифестацијата ќе настапуваат локални бендови, културно -уметнички друштва, познати изведувачи од нашата естрада, а ќе настапат и најпопуларните блех оркестри на Јужна Србија. На 28 август тој програмски дел на Роштилијада ќе го отвори најпопуларниот изведувач на староградска музика Звонко Богдан , на тој концерт ќе му претходи церемонија со свечено отворање со дефиле долж трасата на Роштилијадата. Вторник, среда и четврток се резервирани за љубителите  на рок музиката, групата  Ван Гог, Рибља чорба, Атомско склониште, во четврток ќе настапува Дарко Филиповиќ, во петок Тропико бенд, во сабота Ивана Јордан, а ќе настапат и новите пинкови ѕвезди. Освен ова ќе има и дегустација на највкусните специјалитети на скара, посетителите ќе можат да присуствуваат на бројни натпреварувања, кои на некој начин ја одбележаа оваа манифестација, изјави Стојановиќ.

Организатор на гастрономскиот седумдневен настан е Туристичката организација на Лесковац. Генерален покровител на Лесковачка роштилијада е ресорното министерство , односно министерството за трговија, туризам и телекомуникации кое за манифестацијата одвоило  три милиони динара. Покровител на традиционалниот фестивал е градот Лесковац. Оваа манифестација секоја година ја посетуваат неколку стотини илјади туристи и се јаде со тони скара. Кумановци се чести гости на Роштилијада.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)