Седум прекршувања на полицискиот час во Североисточниот регион

Шест лица во Куманово и едно во Крива Паланка во текот на изминатото деноноќие го прекршиле полицискиот час, додека за непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето биле казнети 65 кумановци.

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (11.04/12.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 100 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од издадените прекршочни налози се во Куманово 65, во Крива Паланка 24 и во Кратово 11.

За нив, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период седум лица (шест во Куманово и едно во Крива Паланка) не ја почитувале  забраната за движење и тие ќе бидат соодветно санкционирани.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)