Секојдневно се изнесуваат 100 тони смет од градот

Околу 100 тони смет дневно се изнесуваат од градот во летниот период, информираат надлежните од јавното претпријатие Чистота и Зеленило. Од таму нагласија дека во овој период кога има прилив на луѓе кои доаѓаат во државата, е зголемен и обемот на смет за околу 20 проценти. Директорот Сашо Петрушевски посочи дека изнесување и депонирање смет се спроведува редовно, освен во одредени делови на градот, каде што улиците се потесни, или пак каде што се врши реконстркуција.

-Зад гимназијата бидејќи имаше и на Фејсбук слики три дена разговаравме со Жикол ги замоливме по третиот ден да ги тргнат машините затоа што и тие си имаат своја динамика на работа, не беа во можност бидејќи се работи за поголем габарит на машини и некоја технологија која ја имаат тие за нивниот дел од работењето не бевме во можност да пристапиме со тоа што прв момент кога се отвори можноста кога ни рекоа дека може да одиме веднаш исчистивме и таму-посочи Петрушевски.

Тој апелира до граѓаните кои живеат во потесните улици да внимаваат со паркирање на возилата, бидејќи се случува да го блокираат пристапот до контејнерите. Што се однесува до возниот парк Петрушевски посочи дека со донациите на четири камиони од Европската унија и јапонската амбасада, може да се задоволат потребите на јавното претпријатие, односно на граѓаните. Тој очекува во наредниот период преку апалицирање на проекти да се овозможи зголемување на помали возила, кои ќе може да ги покриваат токму тесните улици.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)