Семејството Скендер не се израдува на новиот дом

Семејството Скендер од населбата „Тоде Мендол“ иако минатиот месец  купиле нова куќа по вооружената акција  останале без покрив над главата и сега се принудени да живеат кај своите роднини. Педесет и седум годишниот сопственик Аземи со горчина раскажува дека не успеале ниту да се израдуваат на новиот дом кој сега е потполно разурнат, а освен тоа се соочуваат и со тешката здравствена состојба на  сопругата Мавер на која неодамна и бил отстранет тумор на дојката.

– Изгубивме документи, фотографии, телевизор, лаптоп, а плус и десет илјади евра ми се изгорени. Се е изгорено ниеден спомен не остана.Облека само оваа ја имаме што е на нас друго немаме ништо. Веќе не ми се доаѓа тука се е изгорено, да неможеш да влезеш во своја куќа, вели Аземи Скендер.

Аземи објаснува дека куќата ја купиле со помош на неговите деца кои работат во странство и заштедата од триесет и седум годишната напорна работа во претпријатието „Македонија пат“.  Семејството Скендер  живееле на истата улица во куќата од спротива заедно со браќата на сопругот на кои им помагале бидејќи се слепи, но и таа куќа сега е руинирана.

– Комисијата ја процени штетата на долниот кат за педесет насто и сто насто за горниот кат. Но јас ги прашав како може да е педесет насто кога нема услови да се живее, а тие рекоа дека само проценуваат, а натаму не се знае како ќе биде. Се преселивме во куќата откако ја средивме и варосавме. Живеевме во друга куќа која ја подарив на брат ми бидејќи му треба, има четири деца. Сега сме семестени кај роднини на кои им даваме по 150 евра месечно за храна и сметки, срамота е да не им дадеме, објаснува Скендер.

Освен  домот и покуќнината на Скендер им е запален и автомобилот кој бил паркиран пред куќата. Аземи објаснува дека во периодот пред вооружената акција не забележал ништо сомнително. Тој вели дека откако знае за себе живее во населбата „Тоде Мендол“ и досега немале  проблеми со своите соседи од македонска националност, а за состојбата во која се наоѓаат виновна е политиката, а не обичниот граѓанин.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)