Семејство Василевски бара помош од хумани граѓани

Шестчленото семејство Василевски кое живее на Пчински пат, е во тешки услови па секоја помош од институциите и граѓаните е добредојдена. Денис и Сабина се родители на четири малолетни деца. Тие се невработени а во моментов живеат од посебниот додаток за едно од децата кое е со посебни потреби. Денис собира и пластични шишиња, но тоа изнесува од 300 до 400 денари. Тој последниве три месеци е без работа.

-Бев од 95 година до 26 години имав домска заштита како дете без родители и тие ми плаќаа кирија, до 26 години од тогаш сам плаќам, се снаоѓам, приватен дом ме пуштаат да седам, месец-два и потоа мора да се продададе, реновира да искочиме дојде време јас ова да го направам меѓутоа немам услови, без струја и вода сме три години-вели Василевски.

За да го досреди домот, но и да приклучи струја и вода му се неопходни средства, кои што ги нема во моментов. Аплицирал но се уште не може да најде работа.

-Собираме флаши, користев социјална парична помош, тие што ги собирам одат на сметка и видоа дека имам по 300-400 ден не ги даваат кеш туку за неколку дена, во месец дали ќе извадам 7.000 денари а со нив не можеш да поминеш месец, 4 деца, жената не работи-вели тој.

Единствената помош која што пристигнала за семејството е хуманитарен пакет во вонредната состојба. Но велат пакетот бил само за неколку дена.

-Многу ми е тешко, со болни деца, ми требаат услови, да се бањаат, да се чистат во училиште одат, да се водат, донесат и така многу е тешко-посочи Сабина Василевска.

Од Центарот за социјални работи Куманово потврдија дека семејството Василевски во моментов е примател на посебен додаток, но во завршна фаза се и документите за остварување на правото за додаток за трето дете.

Сите хумани граѓани кои што сакаат да му донираат на ова семејство тоа може да го сторат на телефонскиот број 077 854 865.

Сабина Василевска

Жиро сметка: 200002545685937

Стопанска банка

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)