Семејство од Доброшане живее во темнина

Петчлено семејство од Доброшане живее без струја во трошна куќа. Последен пат сијалицата во домот на 55 годишниот Марјан Станишковски засветела на Нова година. Оттогаш единствениот извор на светлина во семејниот дом на Станишковски е ламбата на гас. Но одвреме на време ова семејство живее и во тотален мрак бидејќи единствените месечни приходи им се две илјади денари социјална  парична помош кои што најчесто ги трошат на брашно и основни прехранбени продукти.

Заостанатиот долг  за потрошена електрична енергија што треба да го платат е околу шеесет илјади денари.

-Имам долг  кон ЕВН ,но каде да ги најдам парите. Долгот е стар  пет – шест години.  Јас  работам приватно , но нема редовно. Најбитно ми е струјата да се приклучи. Би можел да го отплаќам длгот на рати , по 1000 денари, но немам пари за приклучок, изјави Марјан Станишковски, социјален случај

И сопругата на Марјан, Виданка потенцира дека во моментов најбитно е да им се приклучи струјата бидејќи и тоа малку што го купуваат за јадење најчесто се расипува без фрижидер.

-Живееме  на ламба, на фењер, никако не се живее без струја.  Ако сака некој граѓанин да помогне  да се приклучи струјата, изјави Виданка Станишковска, социјален случај

Станишковски апелираат до сите хумани граѓани, невладини организации, бизнис заедницата, институциите кој колку може да им помогне да соберат пари за да платат за приклучокот за електрична енергија. Освен парична, на ова семејство секаква помош му е добредојдена, пакети со прехранбени продукти и хигиенски средства, мебел, душеци за спиење и слично .

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)