Сертификати за завршена обука за сметководство

27 невработени лица денеска во Центарот за вработување во Куманово   добија сертификати за завршена обука за книговодство и се стекнаа со звање службеник во книговодство. Обуката се реализираше во времетраење од четири месеци во соработка со Еуро Колеџ и Образовен центар Визија.

„Во првите три месеци теоретскиот дел од обуката се спроведуваше кај верификувани спроведувачи на обуки кои што претходно имаа направено верификација на оваа програма -обука за книговодство во МОН и Центар за образование на возрасни, а четвриот месец кандидатите имаа можност да се стекнат и со практични знаења од областа на книговодството, кој се спроведуваше кај работодавачи, сметководствени бироа со кои што претходно спроведувачите на обука имаа склучено договори“, информира раководителката на Центарот за вработување во Куманово, Марија Димитријевска.  

-По завршување на теоретскиот и практичниот дел од обуката се спроведува проверка на знаења од страна на спроведувачите на обуката и сите 27 невработени лица кои што успешно ја поминаа обуката денеска се стекнаа со сертификати.  Дозволено е во самиот тек на обуката лицето да се вработи и доколку му дозволуваат работните обврски, може да ја посетува обуката и на крај по завршената проверка на знаењата да се стекне и со сертификат за службеник во книговодство, изјави Марија Димитријевска, раковдител на Центар за вработување Куманово

Невработените лица за време на обуката добивале месечен надомест од  9.000 денари, за превоз и храна.

Преку оваа мерка, на невработените лица им се нуди можност за преквалификување и стекнување со сертификат со кој што можат да ја променат својата професија, посочуваат спроведувачите на обуката.  

-Сега на пазарот на труд овие невработени лица можат да се појават со нова квалификација односно да бараат работа со нова квалификација , службеник во книговодство. За време на обуката се стекнаа со знаења од основи на сметководствена евиденција и еден месец беа на практична обука , изјави Фросина Николовска, професор по сметководство

-Ова е трета група што во рамките на оваа програма заврши. Учениците беа крајно мотивирани, редовни, одговорни. Ваков вид на обуки прават мост меѓу класичното образование, теоретско што го добиваат на факултетите и средните  училишта и практичната работа што ги очекува во иднина. Ние нудиме практична обука ги подготвува за да веднаш започнат со работа, изјави Андријана Илиевска -Додевска, Образовен центар Визија

Од вкупно 30 пријавени невработени лица, обуката ја завршија 27-мина. Задоволни се од резултат и се надеваат на вработување.

-За обуката дознав во АВРМ. Искуствата се солидни, за 4 месеци доволно научивме, но уште малку треба да се дообучиме. Се надевам на побрзо вработување , изјави Ненад Каранфиловски, учесник на обука.

Обуката за книговодство е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот за 2019-та година на АВРМ, односно Владата .

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)