Сертификати за завршена обука за странски јазик

123  невработени лица денеска добија сертификати за успешно завршен курс по англиски или германски јазик во образовниот центар Визија. Тримесечната обука на граѓаните за странски јазици беше во рамките на проект на финансиран од ЕУ преку ИПА фондовите, реализиран преку Агенцијата за вработување на РМ и министерството за труд и социјална политика.

– Оваа мерка беше во рамките на проектот поддршка за вработување на млади,долгорочно невработени жени, втор директен грант финансиран од ЕУ, преку ИПА фондовите. Младите невработени лица имаа можност да аплицираат за одреден јазик за кој имаат интерес и да бидат вклучени во овие обуки,така што 123 лица добија ваучер и започнаа со обуки,а денеска добија сертификати, оние мои успешно ја завршија на одредено ниво

посетуваа англиски почетно и напредно ниво и германски јазик,почетно и напредно ниво,  изјави Славица Тасевска Симоновиќ, координатор на проектот

„Со овој проект  всушност ја одбележуваме и 20 годишнината од функционирањето на образовниот центар Визија во Куманово“ ,  истакна управителот Адријана Илиевска Додевска.

-Овдека имавме прилика да обучиме 123 граѓани, иако верувајте,заинтересираноста е многу поголема,се надевам дека и понатаму ќе има вакви проекти,обучувавме основно и напредно ниво,на почетокот на направивме пред тестирање,во зависност од претходните знаења,англискиот јазик имавме заинтересираност за напредните нивоа,бидејќи е опфатено во редовните школувања,а германскиот јазик имавме повеќе од основно ниво,почнавме во јануари,морам да дадам признание на нашите посетители дека покажаа упорност и желба за знаење,имавме многу малку изостаноци, работевме доста интензивно и еве денеска е свечен ден, изјави Адријана Илиевска Додевска, управител на Образовен центар Визија

Образовниот центар планира и во наредниот период да соработува со Агенцијата за вработување и да реализира проекти за обука на странски јазици , но и курсеви за компјутерско сметководство.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)