Се асфалтира пат во Младо Нагоричане

До 28-ми февруари неделава, жителите на селото Младо Нагоричане од маалото Еребичарци ќе добијат асфалтен пат. Изградбата на овој патен правец е во рамките на Проект за општински рурални инвестиции, финансиран од Европската унија, кофинансиран и имплементиран од министерството за финансии преку Светска банка, а работодавач е Општина Старо Нагоричане.

– Патот е во фаза на тампонирање по што ќе следува фаза на асфалтирање во должина од 1200 метри, кој е многу големо значење за тој дел од Младо Нагоричане поточно маалото  Еребичарци бидејќи поврзува голем дел  од жителите и е од големо значење за самите нив,  изјави  Жаклина Јовановска, градоначалник на Старо Нагоричане

Патни правци во наредниот период ќе се асфалтираат и во селата Старо Нагоричане, Драгоманце и Цвиланце, информира Јовановска.

– Преку Агенцијата за финансиска поддршка,  исто така од први март ќе започне изработка на патот за село Цвиланце во должина од 1700 метри. Се работи за изработка на асфалтен пат кој треба да се заврши до 30.06. 2019 -та година. Имаме аплицирано преку Агенцијата за финансиска подршка  и за изработка на асфалтен пат за во маалото  Бели грамаде, населено место во Старо Нагоричане, во должина од 1100 метри. Проектот е подготвен и имаме аплицирано за добивање асфалтен пат. Исто така, имаме добиено средства за изработка на техничка документација од Бирото за регионален развој, проект  за асфалтен пат кон село Драгоманце, изјави  Жаклина Јовановска, градоначалник на Старо Нагоричане

Пат во должина од три километри кој го поврзува  селото Арбанашко  со т.н. Дејлов преслап беше асфалтиран пред крајот на минатата година. Инвестицијата е од огромно значење за жителите на планинските села во Општина Старо Нагоричане бидејќи им се олеснува пристапот, а исто така и полесно се одржуваат асфалтните патишта од земјените.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)