Се асфалтира улицата Белановска

По цели 15 години жителите на улицата Белановска во населбата Добрашане, ќе одат по нов асфалт. Дупките наскоро ќе бидат минато за граѓаните кои живеат во оваа населба. Се асфалтираат околу 2.400 метри квадратни, како дел од проектот за реконструкција на околу 7 километерската патна инфраструктура. Иако 90 проценти работата е реализирана, градоначалникот Зоран Дамјановски најави уште поинтензивна санација на патната инфраструктура во наредниот период.

-Имаме уште 10 проценти од завршување на работи за тековно одржување се надевам дека од ноември ќе имаме постапка, бидејќи консатиравме дека има голем потреба од санација на постоечката инфраструктура. Знаете дека Куманово има некаде околу 185 километри патна инфраструктура целиот опсек кој само да се одржува има огромни потреби а работиме во вакви услови какви што знаете-наведе Дамјановски.

Мештаните на Доброшане истакнаа дека се задоволни од потегот на локалната самоуправа. Тие се радуваат што по повеќегодишните ветувања, овој проблем ќе биде минато.

-Ова беше рак рана, особено ова место зад нас овде, не можеше никако да се замине особено во зимскиот период кога децата одеа на училиште, не можеа да поминат и само по една патека од 20 санитиметри. Денеска е најсреќен ден за оваа населба, благодарение на општина кој го чекавме доста долго едно 10 години многу сме среќни, се радуваме.  Станојко Стефановски

Паралелно со асфалтирање на улицата Белановска, се работи и на поставување бекатон плочки на неколку улици, меѓу кои и на Ѓорче Петров, во населбата Перо Чичо. За летното крпење на ударни дупки и реконтрукција на улиците, општината одвои 20 милиони денари.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)