Се асфалтира улицата 4-ти јули кај Монопол

Улицата 4-ти јули, која се наоѓа во близина на Монопол денеска доби асфалт. Активноста е дел од програмата за работа на Секторот за комунални работи, инфраструктура и сообраќај и заштита на животната средина и природата.

На улицата која е во должина од 183 метри, претходно е поставена атмосферска и фекална канализација и водоводна мрежа. По должина на истата се поставени и тротоари со бекатон плочи.

Жителите се задоволни од општинската инвестиција. Велат дека конечно ќе се реши нивниот проблем.

-Ова што ќе направи е многу добро, имавме многу прашина, заобиколувавме со автомобили, вода, сега е многу добро. Претходно немавме ниту вода често, сега е одлично-вели еден граѓанин.

-Многу беше раскопано не можеше да поминеш од кал, утринава едвај поминав, сега ќе биде добро –додава уште еден кумановец.

Од општината информираа дека во наредниот период ќе се работи на асфалтирање на улиците Страшко Арсов и Србо Томовиќ.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)