Се вклучува далновод кој ги поврзува Македонија и Србија

МЕПСО   утре  ќе  го  вклучи  под  напон  новоизградениот  400 киловолтен  далновод,  со  кој  директно  се  поврзуваат  електропреносните  системи  на  Република  Македонија  и  Република  Србија. 
Новоизградениот  високонапонски  далновод  е  линиски  објект  и  се  простира  од трансформаторската  станица  Штип  до  македонско­- српската  граница,  поминувајќи  низ териториите  на  општините  Штип,  Карбинци,  Свети  Николе,  Куманово  и  Старо  Нагоричане. Поради тоа, МЕПСО апелира до месното население кое гравитира околу трасата на далноводот строго да се придржува до поставената сигнализација за предупредување од опасност поставена на далноводните столбови.
Новиот  далновод  е  поставен  на  168  челично  решеткасти  столбови  поставена  на траса  долга  70  километри.  Капацитетот  за  размена  на  електрична  енергија  на  овој  вод  е  600  мегавати. Во изградбата на овој  далновод  МЕПСО вложи над 11 милиони евра. Со  изградбата  на  овој  далновод  македонскиот  електропреносен  систем  доби  петта 
врска  со  четири  соседни  електропреносни  системи,  две  интерконекции  со грчкиот  електропреносен  систем  и  по  една  врска  со   системите  на Србија, Бугарија и на Косово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)