Се градат тениски терени во Куманово

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и пратеникот во Собранието на Р.Македонија, Зоран Ѓорѓиевски, денеска извршија увид во градежните активности на четирите тениски терени кои во моментов се градат во Куманово во непосредна близина на спортската сала. Агенцијата за млади и спорт  за изградба на спортските терени во Куманово кои што се градат по меѓународни стандарди одвојува  19 милиони денари.

-Градежните работи ќе завршат за максимум месец дена, така што и во летниот период ќе можат да се користат. Мора да потенцирам дека општина Куманово не беше изоставена изминативе години од инвестициите кои што ги правеше оваа Влада и кои што во континуитет ќе продолжат и во иднина –изјави Марјан Спасески, директор на Агенција за млади и спорт

Спортските терени  во Куманово  се дел од проектот на Владата на Р.Македонија за изградба на 120 тениски терени. Досега се изградени  и ставени во функција вкупно 74 тениски терени,а петнаесет се во фаза на градба.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)