Се гради кружен тек во градот

Изградбата на кружниот тек на влезот во градот е еден од капиталните проекти на Општина Куманово за кој што се одвоени над 19,7 милиони денари буџетски средства. Изградбата на кружниот тек влегува во рамки на развојната програма на локалната самоуправа заедно со изградба и реконструкција на улици. Претходно, кон крајот на јуни заврши тендерот за избор на компанија за изградба на кружен тек во Куманово. Градежните работи на терен ги изведува кумановската фирма „Кооп инжинеринг“. Избраната компанија има рок од три месеци да го заврши проектот.

Градоначалникот Максим Димитриевски неодамна изјави дека годинава сериозно се работело на реализација на капитални проекти.

-Во рамките на своите можности ние секако ја реализираме програмата.  Имаме сериозен процент на реализација на капиталните инвестиции оваа година, некаде над 65 проценти и ќе продолжиме со тоа темпо. Не очекуваат уште два капитални проекти, реализација на индустриската зона,  отпочнување со создавање на нова инфраструктура и другиот капитален проект е планираните средства за реализација на кружниот тек на влезот во градот кој што ќе го направиме во две фази, поради буџетските не можности да се финишира целиот проект оваа година, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Претходно, општина Куманово усвои времен сообраќаен план за влезот на градот кај крстосницата на булеварот „Трета МУБ“ и улицата „11 Октомври“ .

Коментари

коментар(и)