Се гради речното корито на Липковка

 

Интензивно течат активностите околу регулацијата на Липковска река. Проектот ќе се реализира во три поединечни етапи. Првата фаза беше отпочната пред повеќе од еден месец, но поради проблеми со оперативниот дел на фирмата изведувач, активностите на терен малку побавно се спроведуваа , информира градоначалникот Зоран Дамјановски.

– Првата делница е во понапредната фаза, прво се правеше чистење, редење на страните со камења,а подлогата ќе биде со бетонски плочи. На овој начин дестинацијата од приклучување од автопатот до вливот на реката Kојнарка, значи до Kумaновка ќе биде комплетно завршено и така ќе имаме регулирање на комплетното речно корито , од Mитев мост до автопатот низ целата должина на град Kуманово, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Проектот опфаќа регулација на речното корито во должина од 1800 метри. За регулацијата и изградбата на два нови пешачки моста ќе бидат потрошени еден милион и шеесет илјади евра. Носител на проектот е УНДП, а донатор е јапонската амбасада во РМ, која ќе учествува со 65 проценти од предвидените средства. Останатите 35 отсто ќе бидат одвоени од општинската каса и министерството за животна средина и просторно планирање.

– Мислам дека ова ќе ни даде услови и за регулирање на кејот околу стариот градски парк , ќе имаме двоен бенефит, и регулација на речното корито и отстранување на опасност од поплави, а и решавање на зелените површини, изјави Дамјановски.

Спречување на елементарни непогоди , како и превенирање на поплави претставува приоритет за сите вклучени во имплементацијата на овој проект.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)