Се запалила цистерна во движење кај село Ругинце

Цистерна во движење се запалила на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, кај село Ругинце.

Имено, како што информира полиција, синоќа во 22.30 часот  кај нив било пријавено дека при движење настанал пожар во товарно возило – цистерна со косовски национални ознаки, сопственост на фирма од Приштина.

Во пожарот била зафатена кабината на возачот, а повредени лица нема. Бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово. Увидот бил извршен во текот на денот.

Коментари

коментар(и)