ТППЕ Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирала на две локации. Во првиот случај станува збор за запалени стари гуми во селото Романовце, а втората интервенција била на зпаален оџак на улицата Благој Гуцман, пишува во дневниот билтен на Регионалниот центар за управување со кризи. Две интревенции имала и екипата на противпожарната единица во општина Старо Нагоричане. Пожарникарите гаснеле запалена сува трева и гранки во селото Челопек, како и на потегор село Макреш – Војник.
Се запалил оџак на улицата „Благој Гуцман“, интервенирале пожарникари
