Се запали смет во камион на „Чистота и зеленило“

Утрово се запалил смет во камион на „Чистота и зеленило“, но брзата реакција и присебноста на возачот не дозволиле да настане поголема материјална штета или евентуално да дојде до повреда на вработените, информира директорот на јавното претпријатие Даниел Стојчевски. Причината најверојатно е фрлен пепел во сад за смет од страна на несовесен граѓанин.  Случајот е пријавен во полицијата.

-Од центарот на градот е подигнат контејнерот, сметот, и по увид на вработените дека може да дојде до запалување на сметот кој што бил подигнат со камионот, вработените заедно со камионот се упатиле кон депонијата да го изнесат сметот, меѓутоа не успеале да стигнат до таму бидејќи сметот што бил во камионот веќе почнал да гори, настанал чад.  воза на камионот застанал го истоварил тој смет веднаш на лице сместо на улица Народна револуција , за среќа далеку од куќите , веднаш пристапила и противпожарна единица и била спречена една погоелма хаварија, изјави Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“

Стојчевски посочува дека последниов месец често се случува садовите за смет да се запалуваат од непрописно исфрлен смет, поради што апелира кумановци да внимаваат при исфрлање на сметот во контејнерите бидејќи освен што може да настане материјална штета на камионите на „Чистота и зеленило“ , може да се доведе во опасност животот на вработените. 

-Би сакал да ја искористам оваа ситуација да упатам еден апел до граѓаните на општина Куманово, особено да внимаваат при одлагање и исфрлање на смет , а посебно на оној смет од огревните шпорети , пепел и се она што останува после горењето бидејќи предизвикува проблеми. Би ја искористил оваа прилика да упатам апел до граѓаните да припазуваат и да ги користат и посебните садови за селекција на смет кои ги поставивме во изминатиот период. Случајот денеска е пријавен во полицијата , благовремено интервенираше и територијалната противпожарна единица . Ние како јавно претпријатие немаме поголема материјална штета и не би сакал да се случи повторно, изјави Стојчевски  

Јавното  претпријатие „ Чистота и зеленило “ ќе поднесе  кривична пријава против непознат сторител, а од органите на прогонот се очекува да поведат истрага .

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)