Се запишуваат првачињата

Околу 1.550 првоодделенци треба да се запишат во основните училишта во Куманово за учебната  2016-17 –та година . Уписите кои што стартуваа  на први мај ќе траат до крајот на месецов, но искуствата покажуват дека првачињата се запишуваат се до септември. Досега околу 30 проценти од родителите ги запишале своите деца на училиште, информираат од Секторот за образование од општина Куманово.

-Овие деца се родени во 2010,а во прво одделение можат да се запишат и родените во јануари 2011 година. Надлежните објаснуваат дека почитувањето на рокот овозможува непречено формирање на паралелеките,со што пак се придонесува за квалитетно одвивање на наставата, изјави Жика Крстевски, раководител на Сектор за образование од општина Куманово.

Што се однесува до реонизацијата, главно се почитува, но има и отстапки во одредени случаи, посочуваат надлежните.

-Сепак, законски дозволено е родителот да го запише ученикот и во училиште кое самиот го одбрал, но само во случај, ако истото училиште има слободни капацитети за прием на ученици“ –изјави  Крстевски.

Иако во кумановско се уште постојат случаи како што е подрачното училиште „Браќа Рибар“ во селото Четирце каде што има само два ученика запишани во прво одделение, сепак има и села во кои што во однос на претходните години е зголемен бројот на првоодделенчињата, во Клечовце, Студена Бара, Пчиња, Умин Дол и слично.

Инаку, за сите првачиња кои што треба да се запишат за наредната учебна година училиштата  доставуваат покани на домашна адреса на идниот ученик. За оние ученици кои што нема да се запишат,  а ги има на списокот , училиштата имаат обврска да го информираат државниот просветен инспекторат за бројката на незапишаните ученици кои влегуваат во нивниот реон, за , како што објаснуваат надлежнитe, оваа институција преземе соодветни  законски мерки.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)