Се зголемува бројот на заболени од грип

Од почетокот на февруари  месец досега центарот за јавно здравје Куманово регистрира 844 лица заболени од грип или состојба слична на грип, информираат надлежните. Од нив, дури 388  заболени се евидентирани во седмата недела од сезоната , односно изминатата недела .

-Во текот на сезоната од 40 –та недела 2017 година па до оваа седма недела во 2018- та година се регистрирани вкупно 1220 случаи на заболени од грип или состојби слични на грип. Во месец јануари имаме 267 заболени меѓутоа во последниве три недели има 844 што се бележи значително зголемување на бројот на заболени. Само во оваа последна недела , седма недела има 388 регистрирани случаи. Во однос на минатата година во јануари има регистрирани 267 што е малку помал број во однос на минатата година кога беа регистрирани 467 заболени, меѓутоа ние оној пик или тн зголемување го очекуваме во текот на последната недела од февруари и во првата недела од март. Со враќањето на децата во школските клупи после зимскиот распуст веќе се зголемува бројот на заболени од грип. Нашиот Центар за јавно здравје зема околу 15 брисеви од оние типични случаи кои што беа сомнителни за грип така што имаме шест позитивни резултати  од типот на инфлуенца б, тоа е оној истиот тип кој беше и во сезонската вакцина против грип, изјави д-р Јадранка Стаменковска, Центар за јавно здравје Куманово

Надлежните посочуваат дека е зголемен и бројот на респираторни инфекции. Само за една недела се регистрирани 3000 случаи  како респираторни инфекции, на инфективното одделение биле пријавени 113 заболени од грип  од кои 20 лица се хоспитализирани во текот на оваа недела, вели Стаменковска, посочувајќи дека најдобрата заштита од грип е вакцината против сезонски грип.

Битно е секој заболен да се консултира со матичниот лекар кој треба да му препорача терапија или да го упати во болница ако е потребно , нагласуваат лекарите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)